Велешанец уапсен, полицијата пронајде пиштол и куршуми без дозвола

Полицијата во домот на велешанец пронајде пиштол и куршуми кои ги поседувал без дозвола.

од Vladimir Zorba
15 прегледи Фото: МВР

Полицијата во домот на велешанец пронајде пиштол и куршуми кои ги поседувал без дозвола.

Според дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи вчера во 17.30 часот во Велес полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес, го лишиле од слобода Д.М.(48) од Велес.

-При претрес во неговиот дом и помошни простории извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени пиштол „застава М57“ и рамка со седум куршуми, кои ги поседувал без соодветна документација. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во спопштението од МВР.