Велешкиот градоначалник спаси жена која сакала да скокне во Вардар: „Не сум никаков херој“

од Stefanija Kuzmanovska
233 прегледи

Градоначалникот на Велес, Марко Колев, ѝ го спаси животот на жена која сакала да се самоубие скокајќи во Вардар, најверојатно поради тоа што го загубила синот во сообраќајна несреќа, објави „Мкд.мк“.

Жената сакала да скокне во Вардар од стариот мост во Велес, но градоначалникот Колев во тој момент случајно се нашол на мостот, преку кој секој ден поминува враќајки се од работа. Од својот автомобил тој ја видел жената како се качува на оградата и се обидува да скокне. Го запрел автомобилот и ја фатил во прегратка од зад грб и ја симнал од оградата.

-Јас не сум никаков херој. Го направив тоа што би го направил секој граѓанин во таква ситуација. Бев единствен кој во тоа време го минуваше мостот бидејќи беше некаде по 16 часот и поради топлото време немаше фреквенција на луѓе. Жената стоеше свртена кон реката и ја прекачуваше оградата. Се стрчав и ја фатив од зад грб. Тоа беа делови од секунда, но ете, се најдов веројатно во вистинско време на местото за да ја спасам. Ја прашав: „Мајче, каков проблем имаш“, а таа не ми одговори многу. Рече само дека не сака да живее, изјави Колев за „Мкд.мк“.

Слични содржини