Велика Британија ќе ѝ понуди вакцини против сипаници на геј популацијата

од Stefanija Kuzmanovska

Експертите во Велика Британија предупредуваат дека стратегијата на земјата кон сегашната инфекција со мајмунска сипаница може да се промени доколку бројот на случаи продолжи да се зголемува, пренесува Dialy Mail.

Планот е да им се понуди вакцина против мајмунски сипаници на членовите на геј популацијата, бидејќи експертите стравуваат дека десетици заразени пациенти минуваат под радарот.

Велика Британија се подготвува да забележи уште 11 нови случаи на мајмунски сипаници во петок, а шест од деветте потврдени случаи досега се мажи кои „имале секс со други мажи“, изјави здравствен извор за британските весници, што укажува на ширење во сексуалните кругови.

Доколку случаите продолжат да покажуваат неразмер во бројот кај хомосексуалните во споредба со бисексуалните мажи, ќе се разгледа воведувањето на вакцинација.

Британското здравство наводно има околу 5.000 дози вакцини на залиха, а тие веќе нарачале дополнителни 20.000. Станува збор за вакцина првично дизајнирана за крупните сипаници, но двата вируса се многу слични и вакцината е ефикасна и кај оваа инфекција.

Девет Британци имаат потврдена дијагноза на мајмунска сипаница и се чини дека сите освен еден заболеле во Велика Британија. Изворниот пациент го донел вирусот од Нигерија, каде што болеста е широко распространета.

Десет земји ширум светот, вклучувајќи ги САД, Шпанија и Италија, досега имаат потврдено случаи на мајмунски сипаници, вирусна инфекција која првично покажува симптоми слични на грип, но се карактеризира со осип со плускавци и красти по целото тело, дланките и табаните.

Слични содржини