Претставниците на Министерството за здравство во Велика Британија испратија предупредување до лекарите дека има зголемени случаи на деца кои доаѓаат во болница со болки во стомакот и проблеми со срцето, кои можат да бидат поврзани со коронавирусот, наведува добротворната организација „Pediatric Intensive Care Society“.
„Во последните три недели се забележува значително зголемување во бројот на мултисистемско воспалително заболување кај децата од сите возрасти кои имаат потреба од интензивна нега во Лондон, како и во други региони на Велика Британија. Во сите случаи, постојат знаци на синдром на токсичен шок и атипична форма на синдромот кавасаки со индекси на крв што може да се споредат со тешките случаи на кОВИД-19 кај децата“, се вели во писмото.
Според експертите, болните деца имаат болки во стомакот, гастроинтестинални симптоми и воспаление на срцевото ткиво. Кај некои од нив тестот за корона е позитивен, а кај некои не е, а има знаци дека некои деца развиле антитела на вирусот.
Да потсетиме дека досега повеќе од три милиони луѓе се разболеле од новиот коронавирус, додека 207.894 починале. Повеќе од 888.000 луѓе се опоравиле од вирусот досега, според сајтот „Worldometers“.