270
Велика Британија денеска воведе закон што ќе и овозможи да ги задржи санкциите против Русија додека Москва не му плати репарации на Киев и најави нов начин за користење замрзнати средства за да ги донира за обнова на Украина.
Во новиот закон ќе биде наведено дека санкциите може да се користат за исплата на оштета од Русија, објави Ројтерс.
„Додека Украина продолжува да се брани од руската инвазија, последиците од војната на Путин се очигледни, а потребите за обнова на Украина се и ќе бидат огромни“, изјави британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.