Велика Британија воведе санкции за Лукашенко, неговиот син и соработниците

од Aleksandar Petrovski
164 прегледи

Велика Британија воведе санкции за белорускиот претседател Александар Лукашенко, неговиот син и уште шест високи владини функционери, по спорните претседателски избори и сузбивањето на демонстрациите во Белорусија.

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб рече дека санкциите се воведени како дел од координиран пристап со Канада „со цел да се поддржат демократските вредности и да се изврши притисок врз одговорните за репресијата“.

Мерките вклучуваат забрана за патување и замрзнување на имот за осум лица од белоруската влада, вклучувајќи ги Лукашенко, неговиот син Виктор Лукашенко и шефот на претседателската администрација, Игор Сергенко.

Канада воведе слични санкции.

Британската влада објави дека Александар Лукашенко е првиот лидер кој е санкциониран во согласност со новиот британски режим на санкции за човекови права, кој беше воведен во јули.

Слични содржини