Велковски ќе се обрати на глобалниот самит во ОН во Њујорк (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Му ја даваме целосната поддршка на нашиот Јане Велковски, кој за кратко ќе се обрати на глобалниот самит во Обединетите нации во Њујорк и ќе побара да се преземе акција за да се заштитат и промовираат правата на децата, во рамки на овогодишниот Светски ден на детето“, сподели министерот за здравство, Венко ФИлипче.

„На овој ден, ја испраќаме пораката дека водиме максимална грижа за здравјето на нашите деца. За првпат, од оваа година го овозможивме лекот Спинраза за пациентите со спинална мускулна атрофија. Јане и уште 6 дечиња, сега ја имаат потребната терапија.

Напред Јане, направи нѐ горди!“, пишува министерот.

Обраќањето на Јане следете го на следниот линк!

Слични содржини