Велковски: ВМРО-ДПМНЕ блокираат важни закони во Собранието, затоа ќе бидат казнети од граѓаните

390 прегледи

Пратеникот од редовите на СДСМ, Диме Велковски, во своето излагање денес посочи дека со блокирањето на законите во Собранието, опозициската ВМРО ДПМНЕ ќе придонесе да бидат казнети од граѓаните.

Тој меѓудругото вели дека поради нивната деструктивност и неодговорност се кочат значителни постапки.

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со неодговорно, деструктивно дејствување, на штета на граѓаните и на државата.

Свесно и намерно, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со месеци кочат важни законски решенија.

Поради нивната деструктивност и неодговорност закочена е постапката за изградба на нов Клинички центар во Скопје, најважен капиталрн проект за македонското здравство.

ВМРО-ДПМНЕ го кочи и законот со кој ќе се унапреди енергетската ефикасност, со кој детски градинки, училишта и болници треба да добијат енергетски ефикасни фасади и нови, еколошки системи за греење.

Како што претходно беа против зголемување на минималната плата, како што се противеа на раст на пензиите, денес пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против тоа парите да завршуваат кај граѓаните и во македонската економија.

Како никаде во светот, опозициската партија се противи на законско решение со кое главниот град добива нов ефикасен и еколошки јавен транспорт.

ВМРО-ДПМНЕ е против унапредување на земјоделството и изградба на три големи откупни центри.

Овие блокади се доказ за тоа до каде оди деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните пратеници.

Граѓаните, јавност, го гледаат таквиот антинароден и антидржавен однос на опозициската партија и затоа им следи нов изборен пораз веќе на локалните избори.

Тоа, очигледно го знаат и во белиот дворец па затоа уште сега бараат алиби.

Наместо блокади и деструкции, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да застанат зад граѓаните и нивните интереси.

Со или без ВМРО-ДПМНЕ; реформите во интерес на граѓаните и државата, продолжуваат. Како парламентарно мнозинство ќе најдеме начин да се реализираат сите предвидени мерки и политики во интерес на граѓаните“, истакна Велковски во своето излагање.

Слични содржини