Вело Водно: Викенд трка на новата велосипедска патека

од Берта Китинска

Сите љубители на велосипедизмот, рекреативци и спортисти, од наредната недела може да уживаат на новата нагорна велосипедска патека на планината Водно. Новата Пионерска патека е долга 3.432 метри, со со максимален наклон од 5 до 7 % и широчина од 2 до 3 метри.

Официјалното отворање на патеката се најавува за 03.10.2020 година (сабота) на средно Водно со почеток во 12 часот.

Претходно, сите велосипедисти се поканети да учествуваат на натпревар во организација на нашиот клуб. Натпреварот ќе стартува во 10 часот од полициска станица Водно и секој натпреварувач ќе стартува на 20 секунди. На натпреварот се поканети да учествуваат сите од 7 до 77 години, без котизација. Учеството е бесплатно.

Награди за најбрзите во машка и женска конкуренција, вредносни ваучери за Nomad Mobility, Pro-Sport и Pro Bike:

1 место 5 000 ден.
2 место 3 000 ден.
3 место 2.000 ден.

Слични содржини