Венецуела и Русија – најди ги разликите

од desk3
90 прегледи

Нафта, корупција и сиромаштија – големо е искушението да се прават споредби меѓу Русија и Венецуела. И двете страдаат на многу сличен начин и од авторитативното владеење. Во Русија сепак владеатт доста вешто, пишува DW.

0,,17516168_303,00
Меѓу Венецуела и Русија има некои поразувачки сличности. Сепак судбините на двата народа наскоро ќе почнат да се разликуваат. Светот во моментов е зафатен со секакви работи и речиси не обрнува внимание на она што се случува во Венецуела. А 30-милионската држава се наоѓа на работ на политички и економски крах.

Падот на венецуелското чудо

 

Одбрана и последни денови

Според податоците на ММФ, инфлацијата во Венецуела оваа година изнесува 720 проценти. Освен тоа, во земјата со едни од најголемите наоѓалишта на нафта во светот недостигаат прехранбени производи, има и променлив режим на струјата. Дел од државните службеници работат само по два дена во неделата, бидејќи нема пари за плати, училиштата исто работат со скратен распоред. Ниските цени на нафтата удрија многу тешко за буџетот на Венецуела и режимот на верниот следбеник на Хуго Чавез – претседателот Николас Мадуро.

Всушност “венецуелското чудо” се засноваше на масовното раздавање на пари на најсиромашните слоеви од населението, кои го одржуваа и продолжуваат да го поддржуваат смешниот “боливарски социјализам” – ова е рожба на покојниот полковник Чавез. Демократската опозиција во земјата веќе има мнозинство во парламентот. Таа се обидува да организира референдум за соборувањето на Мадуро од власт и спроведување на нови избори. Но за целта опозицијата мора да помине низ многу сложена процедура, која во секое време може да биде блокирана од страна на Врховниот суд – а во него преовладуваат назначените од Мадуро претставници на Обединетата социјалистичка партија.

0,,17680366_401,00

Претседателот во практика воведе режим на единствена власт и целосно занемарување непријателското расположение во парламентот. Банди од хулигани, најмени од владата, напаѓаат опозиционери по митинзите, убиваат противници на режимот меѓу политичарите, новинарите и бизнисмените. Од крајот на минатата година, кога опозицијата доби мнозинство во парламентот, во Венецуела фактички беснее Студена граѓанска војна.

Поглед од Москва
Во Москва го следат развојот на настаните во Венецуела со зголемување на тревогата. Режимот во Каракас беше за Кремљ дел од глобалниот антиамерикански фронт и верен сојузник во борбата против влијанието на Вашингтон. А за државниот концерн “Роснефт” Венецуела е една од клучните земји во кои беа инвестирани милијарди долари. Впрочем “Роснефт” нема ништо против да извлече корист дури и од оваа криза. За 500 милиони долари “Роснефт” откупи во февруари годинава над 20 проценти од акциите на венецуелската државна нафтена-гасна компанија PDVSA.

Зделката предизвика бес во парламентот на Венецуела. Пратениците го обвинија претседателот Мадуро дека ја продава земјата, за да го прицврсти режимот. Ако “чависткиот режим” падне, а тоа е сосема можно, многу од договорите со Русија најверојатно ќе бидат разгледани или откажани. Несомнено, таков развој на работите ќе биде прифатено и пропагирано од Кремљ како инспирирани настани од Вашингтон за “промена на режимот”, иако не Вашингтон, туку Чавез, Мадуро и нивните приврзаници водеа катастрофална инфлаторна политика.

Тие го уништија независниот приватен бизнис и ја доведоа најбогатата земја до просјачки стап. Според податоците на опозицијата, тие превеле во офшор компании во странство со меѓу 300 и 400 милијарди долари од продажба на нафта. Парламентот сега ги моли САД и Организацијата на американските држави / ОАS / да помогнат за враќање на овие средства во Венецуела.

Сличности и разлики

Нафта, корупција и авторитаризам. Големо е искушението да се прават споредби меѓу Русија и Венецуела. Според мене, сепак, разликите меѓу двете земји се повеќе од сличностите. Ајде да започнеме со тоа дека Венецуела е основана како демократска република на почетокот на 19-тиот век. Во историјата на земјата имало неколку воени режими, но по нив секогаш се вратќала републиканската форма на управување. Со други зборови – демократското искуство на Венецуелците е значително побогато и посериозен од она на Русите.
Дури во времето на Хуго Чавез и на неговиот наследник во земјата имаше и продолжува да има вистинска, а не фасадна опозиција. Таа е поддржана од всушност независни медиуми со комерцијален успех, кои не и дозволуваат на државната телевизија да воспостави информативен монопол. Приватниот бизнис не се плаши отворено да ги поддржува опозиционерите. Покрај тоа античависткиот блок успеа да победи на минатогодишните избори за Национално собрание. Улогата на војската исто ја разликува Русија од Венецуела, каде армијата по традиција не се меша во политиката.

Плашливата руска стабилност

За разлика од екипата Чавес-Мадуро, претседателот Путин и неговата влада одржуваат многу разумна економска и особено финансиска политика. Тие не се плашат да ги намалуваат трошоците за социјални потреби, но истовремено ги следат многу внимателно ставовите меѓу општеството, за да не ја презатегнат пружината. Руските граѓани засега и не се дигаат. Има и друга разлика – Русија сепак е империја која може да си дозволи какви ли не авантури – да го “преземе” Крим, да испраќа пилоти во Сирија итн И сето тоа се случува под аплауз на јавноста, за која империјалната слава често се испоставува како замена на отсутната лично благосостојба. На крајот истата таа јавност следната есен самоуверено ќе даде мнозинството од местата во Државната дума на “Единствена Русија” и нејзините филијали КПРФ / Комунистичкатая партија Россијској федерација / и ЛДПР / Либерално-демократическаја партија России /.

Парадоксално е дека сегашната кризна ситуација дури одговара на огромното мнозинство од Русите. За нив било какви промени се еднакви на хаос. Со својот конформизам, општеството само го зајакнува политичкиот систем, во кој постои само една значајна институција – претседателската. Но руската стабилност е илузорна. И тоа ќе се сруши, исто како што сега пред очите се урива “социјализмот на Боливар”. Денес, сепак, никој не може да предвиди кога и на кој начин ќе се случат промени. Русија не е Венецуела. Во Венецуела ќе биде полесно.