Венеција ќе може да ја посетат само одреден број туристи

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Венеција постави привремени капии на краевите на два моста со цел да го контролира приливот на туристи и да врати доколку пристигнат во преголем број во градот.

Локалните власти таквата мерка ќе ја применуваат од денеска до 1 мај.

До попладневните часови, градските полицајци кои го следат приливот на туристи проценија дека тие не се премногу, па капиите за сега не се затворени.

Бројот на туристи што ја посетуваат Венеција е многу поголем од цифрата на жители на градот, така што тесните улици во екот на туристичката сезона речиси се непроодни.

Гужвата настанува кога од бродовите ќе слезат илјадници туристи во исто време./МИА