Венецијанската комисија бара ублажување на вонредната состојба во Турција

од Vladimir Zorba
91 прегледи

   Венецијанската комисија при Советот на Европа денеска побара од Турција да укине некои од законските одредби воведени во земјата по прогласувањето на вонредната состојба, врз основа на кои беа уапсени неколку илјади лица.  

Во извештај на Комисијата се оценува дека по ланскиот обид „за воен заговор во Турција, било неопходно да се воведат одредени вонредни мерки“.

– Турските власти меѓутоа почнаа премногу општо да ги применуваат тие вонредни надлежности, оценува Венецијанската комисија.

По обидот за воен удар лани во јули, турските власти започнаа со масовни апсења и отпуштања од работа на лица кои беа обвинети за врски со движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кога Анкара го обвинува дека стои зад обидот за пуч

Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД од 1999 година, од своја страна, категорично отфрла каква и да било поврзаност со обидот за преврат.