Командантот на војската на венецуела Хесус Суарез Чоурио изјави дека бунтовниците, кои рано утрово ја нападнале воената база се соочиле со сложен одговор на голем број војници кои останаа лојални на владата и ги поразиле.

Чоурио во видео пораката вели дека паравоената група која пред зори ја нападнала воената база Парамакај ги искористила околностите и дека војниците повторно ги поразиле бунтовниците, пренесува AP.
Мала група луѓе облечеин во воени униформи, од кои некои имале автоматски пушки, претходно објавија снимка во која прогласуваат бунт против владата на претседателот николас Мадуро и ги повикуваат другите војници да им се придружат.
Човекот кој на сннимката се претстави како Хуан Кагуарипано изјави дека секоја единица која ќе го одбие повикот на бунт ќе биде сметана за воена мета.
Политичката криза која ја погоди венецуела од почетокот на април интензивирана е оваа недела со изборите и конституцијата на Уставотворното собрание кое ќе има речиси неограничена моќ, а го поддржува претседателот Мадуро.
Уставотворното собрание е конституирано во петокот покрај острите критики од ЕУ, САД, и други држави, и бојкотот на опозицијата, која собранието го смета за средство за воведување диктатура од страна на Мадуро, поради што ги продолжија немирите и судирите со силите за безбедност.
Во Венецуела од 1 април речиси секојдневно има протести во кои загинаа најмалку 120 луѓе, додеа сттици се уапсени. Протестите станаа начин луѓето да го изразат незадоволстовот поради честото насилство и катастрофалната економска состојба, односно високата инфлација, недостатокот на храна, лекови и друго.
https://twitter.com/Lastcombo/status/894236588586270720?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fvenecuela-vojska-odbila-napad-pobunjenika-video%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fvenecuela-vojska-odbila-napad-pobunjenika-video%2Fhwy99rb