Венгер нов кандидат за тренер на Лион

од Vlatko K
96 прегледи

Познатиот француски тренер Арсен Венгер може да се врати на работа на ниво клуб. Венгер е
слободен од мај 2018 година, откако го напушти Арсенал по 22 години на чело на клубот,
освојувајќи вкупно 17 трофеи на Островот.

Околу неговото име постојано се шпекулира, а најновите информации се дека тој добил предлог да
го преземе Лион.

Летото, клубот ќе мора да побара заменик на Бруно Женизио, а раководство веќе контактирало со
Венгер, информира „Екип“.

Работа во Франција не е непозната за Венгер, но тоа беше пред многу години. Помеѓу 1984 и 1994
година тој ги предводеше тимовите на Нанси и Монако.