Венгер праша: Дали има совршен начин да се каже збогум?

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер призна дека не гo знае совршениот начин да каже збогум на тимот. 68-годишниот француски стручњак истакна дека до последниот ден во клубот ќе се оддаде целосно на работата.

„Има ли идеален начин да се каже збогум? Не знам. Сакам само да си ја вршам работата, како можам … Мислам за група играчи кои заслужуваат нешто посебно. Сакам да го направам тоа за нив – да постигнам нешто со нив“.

Во последната сезона на Венгер, Арсенал претендира само за еден трофеј – тимот од Лондон се во полуфиналето во Лига Европа, каде имаат тешката задача да се справат со Атлетико Мадрид.

Слични содржини