Венгер сака да ја освои Лигата на Европа

од Vladimir Zorba
203 прегледи

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер демонстрира добро расположение пред дуелот на „топџиите“ против Естерсунд од 1/16-финалето на Лига Европа.

„Важно е сите играчи да се во добра форма. Кога видов Естерсунд како играат, сфатив зошто имаат постигнато добри резултати против Атлетик Билбао и Херта Берлин. Нивниот пласман до оваа фаза не е случајност“, вели французинот.

„Ако учествувате во турнир, тогаш сакате да го освоите, независно од својата позиција во Премиер лигата на Англија. Притисокот врз тимот ќе биде сериозен, но ние ќе се обидеме да дојдеме што е можно подалеку во овој турнир. Успеавме да излеземе од групата, а тоа значи дека сме добар тим“, изјави Венгер.

Мечот помеѓу Естерсунд и Арсенал е вечерва во 19 часот по македонско време.

Слични содржини