Потпретседателот на Соединетите Американски Држави Џ.Д.Венс оцени дека европските земји се во опасност од „цивилизациско самоубиство“ поради неможноста да ги контролираат границите и да ја ограничат слободата на говорот на граѓаните.
„Европа, според мене, е во опасност да создаде, да влезе во цивилизациско самоубиство. Многу земји не се во можност или не сакаат да ги контролираат своите граници. Гледате како почнуваат да се спротивставуваат на тоа, и тоа е добро. Тоа е добра работа. Гледате како почнаа да ја ограничуваат слободата на говорот на своите граѓани. Тоа протестно чувство го донесе (американскиот претседател) Доналд Трамп и многу европски лидери на власт“, изјави Венс за Фокс њуз.
Според него, политиката на отворени граници и ограничувањето на правата на граѓаните стануваат сериозен проблем за европските земји.