Венс: Русија одбива да учествува во преговорите за прекин на војната против Украина

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, денес изјави дека Русија отфрла каков било формат за преговори за прекин на војната против Украина.

од Vladimir Zorba
41 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/Официјален профил на потпретседателот на САД

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, денес изјави дека Русија отфрла каков било формат за преговори за прекин на војната против Украина.

„Соединетите Американски Држави остануваат посветени на мирот, но за жал, во текот на изминатите неколку недели видовме дека Русите одбиваат да учествуваат на какви било билатерални состаноци со Украинците. Тие одбиваат да учествуваат на какви било трилатерални состаноци каде што претседателот на САД (Доналд Трамп) или други членови на администрацијата би можеле да седнат на преговарачка маса со Русите и Украинците“, изјави тој за Фокс њуз.

Тој нагласи дека ставот на САД е активно стремење кон мир „од самиот почеток на администрацијата на претседателот Трамп“.

– Мислам дека реалноста на терен се промени, каде што Русите убиваат многу луѓе и губат многу луѓе, а немаат многу што да покажат за тоа. Уште колку луѓе се спремни да изгубат? Уште колку луѓе се спремни да убијат за многу мала, ако воопшто има, воена предност во оваа област? Се надевам дека одговорот не е толку многу – нагласи Венс.

САД ќе продолжат да работат кон постигнување мир, нагласи Венс, додавајќи дека се надева „дека Русите конечно ќе се разбудат и ќе ја видат реалноста на терен“.

Тој рече дека бројот на жртви и економските последици го промениле ставот на Трамп за војната меѓу Русија и Украина.

„Руската економија е во урнатини. Русите не добиваат многу на бојното поле. Јасно е дека е време да го послушаат неговиот страствен апел да седнат на преговарачката маса и навистина да разговараат за мир“, рече Венс.

На прашањето дали би поддржал испраќање ракети со долг дострел „Томахавк“ во Украина, што украинскиот претседател Володимир Зеленски го побара од Трамп за време на нивниот состанок во Обединетите нации, Венс рече дека тоа е нешто што Трамп на крајот ќе го одлучи.