Венворт Милер отворено зборува за надминување на депресијата и за хомосексуалноста

од desk2
114 прегледи

Венворт Милер ги уверува оние што имаат потешкотии да ја откријат нивната сексуална ориентација, дека тие ќе ја најдат поддршката што им е потребна.

3955ea6100000578-3834885-image-a-30_1476295860885

44-годишниот актер, во интервју за списанието “Attitude”, изјави:

“Ќе го кажам она што го кажале и другите: “станува подобро, eден ден ќе си го најдете вашето племe”. Само треба да верувате дека некои луѓе ве чекаат за да ве сакаат и да ве прослават за она што сте.”

3956157300000578-3834885-image-a-32_1476296742873

Мислејќи на неговото искуство пред да открие дека е хомосексуалец, тој додаде:

“Во меѓувреме, реалноста е дека можеби вие сами ќе си бидете сопствено племе. Можеби вие ќе си бидете најдобар пријател на себеси. Тоа не е нешто што можете да го научите во училиште. Па започнете да се сакате самите себеси.”

Ѕвездата, кој ја игра улогата на Мајкл Скофилд во хит серијата “Prison Break”, јавно ја потврди неговата сексуална ориентација во 2013-та година.  Тој претходно откри за неговите потешкотии со депресија, самоомраза и суицидни мисли.

70111_1-12

Актерот исто така, претходно изминатава година на неговиот фејсбук профил објасни:

“Јас патев во тишина. Како и многу други. Степенот на мојата потешкотија е позната на многу, многу малку личности. Засрамен и во болка, се сметав себеси за оштетен. Гласовите во мојата глава ме повикаа надолу по патот на самоуништување и тоа не за прв пат. Јас се борам со депресија уште од детството. Тоа е борба што ме чинеше време, можности, врски и 1000 непроспиени ноќи.”

3955ea6b00000578-3834885-image-a-31_1476296044842

Британскиот актер позираше за насловната страница на списанието, откако беше избран за нивниот човек на годината.

Тој следната година се враќа во улогата на Мајкл Скофилд од “Prison Break”, што му ја дефинираше кариерата.