Верижна реакција: Баерн, Реал и Јунајтед менуваат фудбалери

од Vladimir Zorba

Наредниот трансфер прозорец ќе биде многу жежок, барем според шпанското издание „Марка“. Европскиот клупски шампион Реал Мадрид сигурно ќе го одврзе ќесето за нови трансфери поради трагичната изведба оваа сезона во Ла Лига.

Не е тајна дека „кралскиот клуб“ долго време го следи напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски. Според „Марка“, стрелецот на германскиот хегемон смета дека по крајот на сезоната е дојден вистинскиот момент да ја продолжи кариерата на „Сантијаго Бернабеу“. Баварците сигурно нема да се разделат лесно со нивната голема ѕвезда, но тие ќе бидат подготвени да преговараат за евентуален договор.

Самиот Левандовски постојано ги критикува шефовите преку медиумите и се претпоставува дека тоа е потег, со кој цели да го трасира својот пат кон Мадрид. Тој има договор со Баерн до 2021 година и Реал ќе мора да плати голема сума за да го добие.

Ако трансферот се случи, Карим Бензема ќе стане непотребен во Реал Мадрид. Според „Дијарио Гол“, тогаш „белиот балет“ ќе го понуди Французинот на Манчестер Јунајтед и Тотенхем. Тоа може да биде дел од договорот за Давид де Хеа или Хари Кејн, кои се другите големи цели на гигантот од Мадрид.

Од ваква верижна реакција, најобесправен, од спортска гледна точка ќе биде Баерн, кој ќе ја изгуби својата ѕвезда. Сепак, од „Алијанц арената“ се подготвени со негов заменик, во лицето на новата германска ѕвезда Тимо Вернер од Ред Бул Лајпциг. Баварскиот тренер Јуп Хајнкис на есен изјави дека 22-годишниот фудбалер одамна требало да биде во Минхен.

Слични содржини