Доделувањето на оскарите беа ноќ на Лејди Гага – без разлика што таа не беше наградена. Таа како и секогаш беше модната победничка на вечерта каде на публиката ѝ подари гламур, сексипилност и изненадување.
Лејди Гага прво се појави во гламурозен фустан на Версаче, кој изгледаше многу необично. Горниот дел е проѕирен корсет кој создава совршени контури на фигурата, а долниот дел е здолниште со спуштен струк, кое е луксузно и отмено.
Но одзади се крие сексипилниот, возбудлив момент на фустанот на Лејди Гага од Версаче – фустанот целосно го открива задникот!
Но, сепак, не изгледа вулгарно, туку заводливо, ја скокотка фантазијата, провоцира и додава навистина „wow“ момент на изгледот на Гага.
Инаку, креацијата на Версаче на пистата ја прошета Џиџи Хадид само неколку дена претходно, на претставувањето на најновата колекција на оваа модна куќа во Лос Анџелес.