Верските лидери апелираат на почитување на мерките во пресрет на празниците

од Берта Китинска
213 прегледи

Вчера беше забележан помал број на тестирани лица како и мал број на заразени лица во однос на изминатиот период.

Осумнаесет пациенти починаа во болнички услови по компликации од ковид-19, а регистрирани беа 296 нови случаи на ковид-19.

Покрај тоа што полицијата ќе има изработено оперативен план за новогодишните празници, со цел да се спречи ширењето на ковид преку организираните просалви и забави, министерот за здравство го посети манастирот Св.Јован Бигорски и се сретна со Епископ Партениј, Игумен Бигорски, на средбата разговарале за претстојните празници.

-Го посетив манастирот Св.Јован Бигорски и се сретнав со Епископ Партениј, Игумен Бигорски. На неформалната средба зборувавме и за престојните празници и важноста дека истите треба да се слават под заштитни мерки и со почитување на здравствените протоколи – задолжително носење маска, хигиена на раце и одржување дистанца, изјави Венко Филипче.

Верските лидери апелираа на почитување на мерките во пресрет на празниците

Пред три дена од Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) препорачува претстојните празници да се прославуваат со одговорност кон јавното здравје, да се почитуваат епидемиолошките мерки и Божикните и Богојавленските празници да се прославуваат без нарушување на законските нормативи за јавни собири.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81721, бројката на оздравени пациенти е 59231, на починати е 2445, а бројот на активни случаи изнесува 20045.

Слични содржини