Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен поведе пред Себастијан Фетел со Ферари и Луис Хамилтон со
Мерцедес во почетокот на викендот во Бразил. Во едвај 0.096 секунди разлика се собра челното
трио на една од најкратките патеки во календарот на Формула 1 – „Интерлагос“. Четврти остана
клубскиот на Верстапен, Даниел Рикардо, следен од Кими Раиконен и Валтери Ботас.
Тимот на Мерцедес, исто така, може да ја обезбеди титулата кај конструкторите оваа недела. Ова ќе
се случи ако Ферари не успее да забележи повеќе од 12 поени. Хамилтон веќе ја обезбеди титулата
кај пилотите пред две недели во Мексико.
По првата тренинг сесија во Сао Паоло најбрз во средината на колоната беше тимот на Хас со
Ромен Грожан и Кевин Магнусен. По нив следеа Шарл Леклер со Заубер и Естебан Окон со екипата
Рејсинг Поинт Форс Индија.
Британецот Ландо Норис го замени Фернандо Алонсо за првиот тренинг и ја освои 16. позиција.
Неговиот колега во Мекларен, Стефан Вандорн заврши претпоследен
Max Verstappen picks up where he left off in Mexico – P1!
There's little to choose between the top three… close weekend coming up? 🤔#BrazilGP 🇧🇷 #F1 pic.twitter.com/0kDfzAB2Sr
— Formula 1 (@F1) November 9, 2018