Макс Верстапен од тимот на „Ред бул“ е освојувач на годинашната Голема награда на Германија.
Холанѓанецот извози 64 круга на патеката Хокенхајмринг со време 1час 44 минути 31 секунда и 275 стотинки. Второто место му припанда на Германецот Себастијан Ветел од Ферари, кој направи голем пресврт, односно до второто место стигна откако стартуваше последен. Третото место му припадна на Русинот Квјат Даниил од „Торо Росо“.
Луис Хамилтон остана без бодови на оваа трка, која ја заврши на 11. место, но сепак останува на чело на Генералниот пласман со 39 бодови повеќе од второпласираниот Ботас.
Верстапен со денешниот триумф ја ублажи меѓусебната бодовна разлика со лидерот на табелата Хамилтон на 72 бода.