Вештачката интелигенција ќе биде во можност да „почувствува“ во каква емоционална состојба се наоѓаат возачите и на тој начин ќе ги предупреди дали е време за одмор и гасење на паметниот телефон.

Покрај тоа што роботите во иднина во целост ќе управуваат со возилата, благодарение на технологијата Automotive Al, вештачката интелигенција наскоро би можела да спасува животи и во возилата со кои управуваат луѓе.
Имено, оваа технологија ќе надгледува и ќе може да „почувствува“ во каква емоционална состојба се наоѓаат возачите и дали посветуваат максимално внимание на возењето.
Кога ќе забележат дека тоа не е случај, тие преку напредна технологија за тоа ќе го известат возачот.