Вештачката интелигенција може да имитира отпечаток од прсти

од Vlatko K
127 прегледи

Вештачкиот интелект има потенцијал за секакви примени, а една од нив се покажува и создавање
на лажни отпечатоци. Тоа е сосема можно, уверуваат научници од Њујоршкиот универзитет, кои
имаат развиено нов начин за заблуда на биометриските скенери.

Принципиелно, скенерите за отпечаток работат со нецелосни отпечатоци, бидејќи секој пат
корисникот го става прстот на поинаков начин и никогаш со целата површина. Во исто време, сите
отпечатоци имаат стандардни, повторувачки елементи.

Со длабока обука на невронски мрежи врз основа на податоците од делумните отпечатоци, се
создадени синтетизирани отпечатоци, кои можат да бидат претставени како своевидни „мастерклучеви“
во однос на обичните клучеви, но во биометриски простор. Тие се нарекувани од
истражувачите DeepMasterPrints

Се разбира, лажниот отпечаток не дава гаранција за заблуда на скенерот, но кај системите за
контрола на пристап со веројатност за грешка од 0.001 – т.е. една погрешна обработка на илјада,
лажниот отпечаток може да замени 23% од сите отпечатоци складирани во базата. А кај системи со
веројатност за грешка 1 до 100, технологијата DeepMasterPrints имитира 77% од реалните
отпечатоци.

Отпечатоците од вештачката интелигенција се најефективни за пенетрирање во системи кои
зачувуваат повеќе отпечатоци од прсти, односно не за паметните телефони – барем засега.
Научниците се надеваат дека нивното истражување ќе ги поттикне компаниите да ги направат
посигурни биометриските системи.