Вештачки интелект наслика дело вредно речиси половина милион долари

од Vlatko K
94 прегледи

Дали вештачкиот интелект ќе ги замени уметниците? Слика насликана со помош на ВИ, беше продадена за 432 илјади долари на аукција, при почетна цена од само 10.000 долари.

Творбата е портрет на Едмонд Белами, а продажбата е реализирана во аукциската куќа Christie’s. Тоа всушност е и првата зделка со слика, создадена од вештачката интелигенција.

Првично се очекуваше дека сликата ќе го најде својот нов сопственик за сума од 7.000 до 10.000 долари, но на крајот портретот е продаден за 432.000 долари, соопшти Engadget.com.

Делото „Портрет на Едмонд Белами“ е во составот на серија од 11 платна, генерирани од алгоритмите на вештачката интелигенција „Generative Adversarial Networks“ (GAN), кој е дело на парискиот тим „Obvious“. За обука на алгоритмот програмерите користеле 15.000 портрети, насликани во периодот од XIV до XX век.

Еден дел од програмата анализирала изворни податоци за да создаде сопствени слики на нивна база, а друг дел откривал разлики меѓу делата создадени од луѓе и оние генерирани со вештачка интелигенција. Ако вториот дел од програмата не може да најде разлики, резултатот од работата на првиот дел се смета за доволно добар.