Весковски: Јакимовски кој е на крај на својата кариера, сака да ни ја украде иднината

од Nikola Popovski
492 прегледи

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Душко Весковски вечерава порача дека Карпош не е парче бетон, Карпош не е место каде царува криминалот и затоа е потребно обединување на граѓаните во недела за да продолжи развојот и напредокот на општина Карпош.

„Карпошани, да се обединиме, за да не бидеме кабаетлии во понеделник. Да се обединиме и да не дозволиме минатото да го земе местото на иднината.

Да не дозволиме, Стевче Јакимовски, човекот кој е на крај на својата кариера и нема што да изгуби со своите лажни ветувања да ни ја украде иднината

Ви благодарам што денес сте тука во огромно присуство, заедно со нас, обединети, исправени пред предизвикот да се направи вистинскиот избор. Да се направи вистинскиот избор за нашиот Карпош, за Карпош да биде наша гордост и позитивен пример не само тука, туку и пошироко.

Денес сум тука, пред вас и ви ветувам дека проектите во мојата програма не само што се реално остварливи, туку истите со тим, со знаење и посветена работа ќе бидат и реализирани. И не само тие, туку и уште многу други кои заеднички ќе ги креираме со единствена цел, пресретнување на вашите потреби, потребите на Карпош.

Имаме можност да го направиме најдоброто за Карпош. Ве повикувам на 31 октомври да не се колебате, да ја дадете вашата доверба која нема да биде изневерена. На 31 октомври, да се обединиме и заедно да излеземе за остварување на граѓанскиот и проевропскиот концепт, за нас, за вас и за идните генерации“ порача Весковски.

Слични содржини