Весковски: Ќе го вратиме блоковското зеленило во Карпош, се размислува за зонско паркирање

од Nikola Popovski
514 прегледи

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Душко Весковски информира дека долгот на општината се намалил од 17 милиони евра на 4, за време на мандатот на актуелниот градоначалник, Стефан Богоев.

-Јас и Стефан сме одлични пријатели и другари. Не можам да најдам некоја слабост, туку само можам да му честитам за водењето на партијата во изминатите 4 години. Општината е промената во однос на урбанизацијата, вели Весковски го гостувањето на дневникот на ТВ Сител.

Тој најави дека ќе го врати блоковското зеленило во општината.

-Граѓаните имаат маалски катчиња, нови игралишта. Во план ни е изградба на две нови градинки. Имаме план и со паркирањето во општината, а посебен проблем околу тоа се Лептокарија и кај Млечен ресторан. Дел од граѓаните бараат зонско паркирање, па ќе седнеме и ќе поразговараме со нив, истакна Весковски.

Слични содржини