Интересот за ажурирање на членството во СДСМ е голем, но важно е што и многу нови, пред се млади луѓе се приклучуваат кон нашето социјалдемократско семејство, вели Душко Весковски, организационен секретар на СДСМ.
Тој вели дека по завршување на ажурирање на членството и активна регистрација следуваат и првите внатрепартиски непосредни избори за претседател на СДСМ.
-Денеска на пет дена до завршувањето на овој процес, ги повикувам сите членови кои досега не го ажурирале членството, тоа да го сторат во своите матични општински организации, а ја користам приликата и да ги повикам и младите овде во Карпош но и низ целата држава, да се приклучат кон СДСМ.
Сите кои ги делат социјалдемократските вредности, сите кои сакаат да помогнат во создавање и реализација на мерки и политики што носат подобра иднина за сите, да се приклучат кон СДСМ.
Во изминатите три години покажавме што значи одговорно, транспарентно и домаќинско работење и токму во таа насока продолжуваме и во овој мандат.
Почитувани граѓани, почитувани млади, приклучете се кон тимот што гради подобра иднина за секој граѓанин. Заедно сите здружени, да ги менуваме работите во општеството кон подобро, вели Весковски.