Весковски најавува катна гаража, две градинки и нов парк во Карпош 4

од Nikola Popovski

Најавувам дисперзија на градежните активности кон Злокуќани и Бардовци, изградба на катна гаража позади Лептокарија со зелена површина и изградба на две нови градинки, вели кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Карпош, Душко Весковски во емисијата „Топ тема“.

Според него, општината ќе добие и нов голем парк во Карпош 4 на простор од 60 метри квадратни.

-Пред 4 години имавме долг од 18 милиони евра, а благодарение на владата од СДСМ половина од тој долг беше расчистен. Долгот во моментов е 4 милиони евра. Паркирање во самопарцела, блоковско зеленило и заеднички контакт и пристап на општината до граѓаните, ќе биде нов заштитен знак на Карпош, додава Весковски.

 

Слични содржини