Весковски: Народот испрати порака, а ние ја научивме лекцијата од истата

од Nikola Popovski

Уште еднаш покажавме и докажавме дека Карпош, го сака и го заслужува само најдоброто. Ви благодарам што несебично и во голем број излеговте и го остваривте своето право на глас во фер и демократска атмосфера, потврдувајќи го својот избор за НАЈДОБРОТО ЗА КАРПОШ, вака денеска кандидатот на СДСМ за градоначалник во Карпош, Душко Весковски се огласи на социјалните мрежи.

Според него, „на овие локални избори, народот испрати порака, а ние ја научивме лекцијата од истата“.

-Нема празни ветувања, туку реални проекти за задоволување на потребите на сите граѓани, реални проекти за чиста, хумано-урбанизирана општина, за економски напредок, за подобро денес, за уште подобро утре. Ги повикувам сите граѓани, определени и неопределени, граѓански здруженија, коалиции, единствени и обединети, во вториот круг од локалните избори, едногласно да го избереме бројот 12 и да го потврдиме НАЈДОБРОТО ЗА КАРПОШ, напиша тој.

Противкандидат на Весковски во вториот круг на 31 октомври ќе му биде лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски. Весковски во првиот круг освои 9.296 гласови или 2.466 повеќе од Јакимовски.

Слични содржини