Маската од јајца е еден од најделотрворните домашни препарати за намалување на опаѓање на косата и поттикнување на растење на косата. Богата е со протеини и аминокиселини кои ја негуваат косата. Исто така, од неа косата ќе биде сјајна и мека.
Рецепт за маската:
– 1 јајце
– 1 шолја сирово млеко
– 2 лажички лимонов сок
– 2 лажички маслиново масло
Во сад изматете ги јајцата па додајте го млекото, сок од лимон и маслиновото масло Сето тоа добро измешајте го па нанесете го на косата и коренот.
Масирајте 2-3 минути. Потоа исчешлајте ја косата за маската рамномерно да се распореди па ставете капа да туширање и држете ја така еден час или преку ноќ.
На крајот, измијте ја со млака вода и шампон. Маската користете ја два до три пати неделно за подобри резултати.