Ви се гади од спанаќ, брокула…? Може да се пофалите со редок ген

од Elena Daskalova
285 прегледи

Постојат луѓе кои по никоја цена во уста не ставаат спанаќ, брокула, блитва, кељ и слични зеленчуци. Некои тоа го прават затоа што не им се вкусни, а има и такви чиј дигестивен систем не може да ги свари овие намирници.

Според истражувањето на Универзитетот во Кентаки, постои еволуциска причина зошто тоа се случува и всушност, луѓето кои се дежурни мразачи на ваквата храна имаат редок ген.

Резултатите од истражувањето покажале дека некои луѓе наследуваат две копии од генот ТАС2Р38, кој ги „шифрира“ рецепторите за вкус, па зелените зеленчуци ги чувствуваме како помалку или повеќе горчливи и непријатни. Проблемот се појавува кај оние кои имаат една копија од овој ген. Нивниот јазик всушност, ги регистрира овие вкусови како хемикалија, а слично е и со дигестивниот систем.

Далечните предци на луѓето во најголем број имале по една копија од истиот ген, кој им помагал да не консумираат отровни растенија и плодови. Од истата причина денеска има луѓе кои не можат да го поднесат вкусот на пиво или какао. Одговорот е во тоа што нашите предци проценувале дали нешто е отровно или не според степенот на горчината. Дури и рефлексот на гадење од листест зелен зеленчук зависи од овој ген.

Сепак, како да вклучите ваков зеленчук во исхраната, ако се знае дека е добар за целокупното здравје?

Една од препораките е да го замаскирате во други јадења, да го блендирате и да го мешате со други овошја и зеленчуци. Но, од друга страна, ако сепак не можете да ги „сварите“ овие намирници, подобро е да ги оставите настрана и да најдете некоја соодветна замена, со цел да ги примите сите хранливи состојки кои ви се потребни за телото здраво да функционира.

Слични содржини