Вицепремиерот Бојан Маричиќ: Европската интеграција – патот кон стабилност и прогрес на Македонија

од desk4
228 прегледи

Денеска, вицепремиерот задолжен за европски прашања на Северна Македонија, Бојан Маричиќ, се сретнал со европратениците од групата на Прогресивна алијанса на социјалисти и демократи во Европскиот парламент, Тонино Пицула, Матјаж Немец и Андреас Шидер, во рамки на официјалната посета на Брисел. На средбата, разговарано е за спроведувањето на европската реформска агенда, уставни измени и новите случувања во Косово.

Европратениците изразиле поддршка кон Северна Македонија и ја потврдиле својата поддршка за динамиката на преговорите со ЕУ. Исто така, било истакнато дека Северна Македонија има пријатели во ЕУ кои ги препознаваат позитивните чекори и го поддржуваат стремежот да стане членка на Европската Унија до 2030 година.

Се истакна дека Северна Македонија, како држава членка на НАТО и со целосна усогласеност со надворешната политика на ЕУ, има добра прилика да биде вклучена во пакетот на земји за идно членство во ЕУ и да биде фактор на стабилност во регионот.

Во рамки на посетата, Маричиќ се сретнал и со европратеничката од Групата на Зелените, Тинеке Стрике, и имал координативен состанок со в.д. директорката за Западен Балкан на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската Комисија, Микела Матуела. На овие средби се разговарало за текот на скрининг процесот, планот за реформи и изработката на клучните документи од првиот Кластер, вклучувајќи го Патоказот за владеење на правото, Патоказот за функционирање на демократските институции и реформата на јавната администрација.