(ВИДЕО) „10 Минути“ на ТВ21 со Борче Давитковски: Македонија е во тешка уставна и политичка криза

од desk2
138 прегледи

Македонија западна во голема уставна и политичка криза поради пречекорувањето на роковите за распишување на локалните избори, смета универзитетскиот професор Борче Давитковски чиј став го пренесува ТВ21.

Тој во гостувањето во емисијата „10 минути“ изјави дека по сила на Изборниот законик, претседателот на Собранието е тој кој ги распишува локалните избори. Сепак, според него доколку наскоро се конституира Собранието, можно е по сила на Изборниот законик мандатот на градоначалниците и советниците да биде продолжен.

„По сила на Изборниот законик е предвидено претседателот на Собранието да ги распише локалните избори. Мислам дека ние ќе дојдеме во пат-вакум ситуација каде што ќе имаме градоначалници со истечен мандат и совети со истечен мандат. Според мене, по 20 март ние нема да имаме повеќе локална самоуправа, односно четврта власт во државата“,изјави универзитетскиот професор Борче Давитковски.