Над 90% од сирискиот град веќе е под контрола на силите на Асад

Бандитите од терористичката група “Џебхат ан Нусра”, се опколени од владините сили во Алепо, се согласија да го напуштат градот на патот кон Кастело. Ова го соопшти ТАСС, повикувајќи се на телевизискиот канал “Ал Манар”, кој е во сопственост на “Хезболах”.
Според податоците на медиумите, сириските сили имаат намера да влезат во последниот бастион на групата Бустан ел Каср. Владината армија веќе нанела серија моќни удари по нивните позиции и командните центри на терористите.
Во моментов бандитите контролираат само неколку реона јужно и југоисточно од центарот на градот. Над 90% од Алепо веќе е под контрола на сириските војници.