
Точниот број на жртвите се утврдува
На социјалните мрежи се појави видео кое ги покажува последиците од бунтот кој изби во затворот во бразилскиот град Манаус. На кадрите се гледаат многу локви крв и многу убиени луѓе.
Според податоците на локалните медиуми, загинатите се меѓу 50 и 80. Точниот број на жртвите се утврдува.
Бунтот избувнал доцна синоќа како резултат на судири меѓу завојувани наркобанди, а бунтот бил ставен под контрола дури утрово.