“Се случи паника. Луѓето се обидуваа да се сокријат, кој каде може. Убиецот им рече на цивилите да гја напуштат салата. Рече дека од тука ќе излезе мртов. Потоа дојде обезбедувањето на амбасадорот “, раскажува очевидец на трагичните настани.

Кога цивилите  напуштиле, амбасадорот бил ничкум на земјата и не давал знаци на живот. Тој бил застрелан со 11 куршуми.

“Терористот го погодите амбасадорот од околу еден метар. Пукаше првин  во вратот и во грбот. Мислам дека амбасадорот издивна на место. Ние излеговме надвор, во салата  а внатре останаа стрелецот  и обезбедувањето. Потоа при полициската операција тој одби да се предаде и беше убиен “, дополнува очевидец.

Како што веќе стана јасно убиецот Мевлут Мерт Антнташ завршил полициската академија во Измир. Бил на служба во Анкара, но го отпуштиле за време на големата чистка по неуспешниот обид за државен удар во јули и последователната акција против организацијата на исламскиот проповедник Фетхуллах Гулен – FETO. 22-годишниот Мерт Алтнташ влегол во салата со фалсификувани документи за лична идентификација.

Подоцна беше соопштено дека се вршело и  претрес во домот на убиецот. Уапсени се мајката и таткото на напаѓачот. Тој  служел околу две и пол години. Родум е од провинција Ајдин.