
Едно лице е застрелано во трговски центар во Мисури, додека ордите од купувачи се подготвуваа да се борат за драстичните намалувања на цените на производите, кои традиционално се намалени за време на т.н. црн петок.
19-годишниот човек е застрелан со куршум на паркинг во Колумбија во четвртокот навечер, објави КМИЗ. По нападот, човекот е во критична состојба. Полицијата сè уште нема идеја дали пукањето е во врска со продажбата.

Во исто време во Бирмингем, Алабама избувна скандал, кој го принудил раководтмото на трговскиот центар да ги затвори вратите порано, бидејќи борбата за попустите и производите биле животно загрозувачки за купувачите.
Службеници на органите на редот уапсиле две жени за кои се верува дека почнале да се тепаат во хаосот од купувачи. Видео на Твитер покажува дека една жена е легната на подот, додека човек од обезбедувањето ја држи, а две други започнале меѓусебна пресметка. Хистеријата на „црниот петок“ во САД продолжува. Експертите предвидуваат дека Американците ќе трошат повеќе од 20 милијарди долари за време на викендите и намалените промоции.