(ВИДЕО) 19 ден протест на „За заедничка Македонија“

од desk2
76 прегледи

Сакаме избори и попис, скандираа домонстранти кои протестираат против албанската платформа. На 19тиот ден од протестите на иницијатицата „За заедничка Македонија“, се приклучија и играорци, информира Телевизија 24.

„Со сета почит кон моите сонародници Албанци, сакам да кажам, дека ниту еден Албанец во Македонија не е дискриминиран. Тие зборуваат и учат на својот мајчин јазик, имаат свои весници, радија и телевизии. Дел се од државната администрација.“ – изјави Дарко Мијалковски.
За демонстрантите неприфатлица е пораката на Јоханес Хан „прво демократско предавање на Власта, а потоа и спроведување на договорените реформи“.
„Прво нека си средат во своите држави и тоа што го мислат тука, нека го направат кај нив“ – вели еден од демонстрантите.
Маршот на демонстраните заврши пред законодавниот дом, каде играорците кои се приклучија на протестот имаа свој перформанс.
Викендов нема да се маршира./извор ТВ24