Поранешниот премиер Никола Груевски помина лесно во Основниот суд во Будимпешта, но доби многу повеќе прашања од присутните новинари отколку од судот. Познатго е судот ја одби негова екстрадиција, објави 360 Степени.


Откако видоа дека не сака да зборува за денешното рочиште, новинарите се обидоа да го испровоцираат со различни прашања, некои и потсмешливи. На пример, поранешниот премиер беше прашан што мисли за исходот на неодамнешните европски избори, со кои пари престојува во Унгарија и дали работи нешто, дали сака повторно да биде македонски премиер, што мисли за актуелната влада во земјава…

„360 Степени“, во соработка со „РТЛ Унгарија“, обезбеди подолг видео-материјал од доаѓањето на Никола Груевски во судница, чекањето на одлуката и заминувањето. Груевски доби многу повеќе прашања отколку што ќе видите во видеото.