
Паралелно со неизвесноста на политичката сцена, продолжуваат и обидите на ВМРО-ДПМНЕ да направи разлика меѓу актуелната дипломатска постава во амбасадата на САД во Скопје и новата администрација во Вашингтон и така да се влијае на развојот на настаните по изборите. Целта е да се покаже дека Џес Бејли и неговите соработници солираат и дека не ја следат политиката на Вашингтон, иако Стејт департментот, на првиот ден од мандатот на новиот државен секретар Рекс Тилерсон, потврди дека стои и го поддржува амбасадорот Бејли.