
70 маалски полицајци ќе покриваат 17 реони во Куманово. Брзото информирање, познавањето на средината и околностите и постојаната комуникација со граѓаните кои ќе се воспостават со позорникарството, ќе ги олеснат понатамошните фази од полициските постапки – смета министерот за внатрешни работи. Неколку организациони единици на СВР Куманово денеска добија и нови простории за работа./извор ТВ24