(ВИДЕО) 8 полицајци го чуваат грбот на Мијалков, 6-мина за Јанкуловска, 2-ца за Спасовски-Чавков не открива дали имаат закани по живот

од Vladimir Zorba
110 прегледи

mijalkov-jankulovska-zastita

Министерот за внатрешни работи тврди дека има закани по живот на поранешни функционери, но не ги открива имињата на загрозените и дали поради тоа екс министерката Јанкуловска и екс директорот на УБК Сашо Мијалков имаат обезбедување подолго од предвидениот законски рок, информира Телма.

Чавков не сакаше да каже ниту дали заканите доаѓаат од странски служби или од надвор. Владата пред 8 дена ја смени уредбата за заштита на функционери и сега не е одреден временски рок за заштита на поранешни функционери, туку дека полицијата ќе ги штити додека тие се загрозени.

-Ова решение е базирано на проценка на ризици, рече министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

Прашање: Има ли проценка за ризици?

Чавков:Има, секако.

Прашање: За кои функционери?

Чавков: Не би сакал сега да..

Прашање: А колку функционери, за колкав број на функционери станува збор, еден двајца, 5-мина?

Чавков: Не би сакал да прејудицирам сега со таа бројка. Еве, еден од тие кои добиваат заштота е Оливер Спасовски.

И во вчерашното соопштение на МВР Оливер Спасовски, краткорочниот опозициски министер е посочен како пример на поранешен функционер кој за обебзедување има двајца полицајци и користи возила.

Обезбедувањето на Спасовски е двојно помало од онаа на Јанкулоска и 4 пати помало од државните бодигарди кои го чуваат грбот на Сашо Мијалков. Вработени во безбедносните служби за Телма тврдат дека за обезбедување на Мијалков работат 8 луѓе од МВР со 4 возила од кои два џипа, додека екс министерката ја штитат 6-мина со три возила распоредени во смени.

Целиот текст можете да го прочитате тука