Според аналитичарот Висар Адеми создавањето на криза во владата на ВМРО-ДПМНЕ преку повлекување на своите министри треба да биде првиот чекор на ДУИ за напуштање на деструктивните политики на Никола Груевски, информира Алсат М.

“Убеден сум дека вредностите што ги пропагира парламентарно мнозинство како враќање на владеењето на правото, враќање на институциите кај граѓаните, како и анулирање на феноментот на држење во заложништво од политичките партии се многу важни вредности за нашето општество. Не може да се сузбие ова, ако сте дел од Владата. Тие појави треба да се уништат од корен. ДУИ нема што да бара во одржувањето на овој тип на систем кој е расипан во корен. Ако ДУИ мисли дека со одржување на системот имаат контрола и не создаваат владина криза, јас верувам дека е крајно време да се повлечат и да го изолираат ВМРО-ДПМНЕ која е творец и основач на оваа политика што не врати години наназад“. – изјави Висар Адеми, аналитичар/извор Алсат М