(ВИДЕО) Ахмети: Ова беше еден од еден од најплодните состаноци, ова е почетокот на крајот на еден процес за Македонија

од Vladimir Zorba
82 прегледи

По пет часа заврши средбата на државно-политичкиот врв во Клубот на пратеници на која се разговараше за спорот со името. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата рече дека ова бил еден од најплодните состаноци за ова прашање, пренесе А1он.

„Ова беше еден од еден од најплодните состаноци. Бевме информирани за средбата меѓу Заев и Ципрас. Го ценам дијалогот за потрага по решение. Ова е почетокот на крајот на еден процес за Македонија, Важно е да бидеме дел од НАТО во мир и стабилност“, рече Ахмети.

Тој не одговараше на новинарски прашања и не откри повеќе детали за да не, како што вели, го наруши процесот.

Видео – А1он