(ВИДЕО) Алијанса за Албанците подготвена за коалициска влада

од desk2
117 прегледи

Двајца од тројцата потписници на заедничката платформа на Албанците во Македонија се уште го немаат соопштено својот став – дали ќе учествуваат во влада со Зоран Заев и Али Ахмети, информира ТВ21.

Една од партиите вели дека се близу до одлука, а другата се чини чека да биде поканета. Од Преродба со Беса велат дека сами не можат да донесат одлука без тоа да им го понуди мандатарот. Потпретседателот на Беса, Зеќирија Ибраими, кусо вели дека се отворени за коалиција!

“Во Движење Беса се уште не сме добиле понуда за учество во Владата, ниту пак било каква понуда за да се приклучиме кон некоја идна можна влада, колку што ни е познато, до сега се уште никој не го добил мандатот за да формира влада. Не можеме да зборуваме за хипотетички ситуации. Тоа прашање  ќе се отвори откако некој ќе го добие мандатот и ќе дојде да преговара со нас.”, изјави Зеќирија Ибрахими од Беса.

Третиот потписник на албанската платформа, Движење за Реформи ДПА, е со појасен став. Флакрон Беџети од Алијансата за Албанците вели дека стојат цврсто во однос на доделените потписи и дека постои голема можност да бидат дел од новата влада.

“Алијансата за Албанците се уште може да биде дел од владата, преземајќи одговорност и давајќи свој придонес за спроведување на политиките на една реформска  влада , со акцент на реализација на албанската платформа во делот кој се однесува на законот за јазикот и натамошното функционирање на СЈО.”, изјави Флакрон Беџети од Алијанса за Албанците.

Од Социјал-демократскиот сојуз, за ТВ21 велат дека прво очекуваат да го добијат мандатот а потоа да преговараат со останатите партии за формирање Влада. СДСМ уште еднаш го повикува  претседателот на државата без одлагање да им го додели мандатот.

Целиот текст можете да го прочитате тука