(Видео) Американски пратеници доведоа вештерка, за да им го “освети” парламентот

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Целта им била да се покаже целиот спектар на религиозните верувања. Според информацијата објавена во американското издание The Washington Post, Дебора Мејнард, која сама гордо се нарекува вештерка, за време на седница на Претставничкиот дом на Ајова одржа ритуал за “осветување”.

Незнабожците се свртеа кон петте земни елементи – земјата, водата, огнот, воздухот и духот – и кон законодавците со барањето да се почитува мрежата која ги поврзува сите луѓе на планетата.
Иницијатор на ритуалот стана друг пратеник од Демократската партија Лиз Бенет, а целта била да се покаже целиот спектар на религиозните верувања. Весникот забележува дека освен вештерки, пратеничката се обидела да доведе во салата рабин, зен будистички свештеник-лутеранец и Пастор со нетрадиционална сексуална ориентација.

Голем број пратеници изразија протест во врска со акцијата.