(ВИДЕО) Базен со стаклено дно на 40 кат

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Кој не сака да поминува време во базенот? Па, во овој базен многумина би се запрашале дали тоа е така.

Видео на базен со стаклено дно, кој освен тоа се наоѓа на 40-тиот кат на станбена зграда во центарот на Хјустон нè остава без здив. Во него се гледа авантурист кој оди бос по стакленото дно, поставено на 3 метри од страната на зградата, слично на тераса. Базенот е највисокиот во Тексас и единствениот во целиот Хјустон, кој има стаклено дно.

Гледачите на видеото се поделени на две мислења – дел од нив сакаат да се потопат во нестандардниот базен, а другите сакаат да ја земат крпата и да избегаат од таму.

Во базенот кој е отворен од октомври 2016 година, не се дозволени надворешни посетители, туку само жители на зградата.

Зградата е дизајнирана од Jackson & Ryan Architects. Предвидена е и изградбата на вториот ваков базен, но на понизок кат на зградата.

https://www.youtube.com/watch?v=iVWmklfrDgw